English

Доставување на податоци

AIMS Human Capital Македонија применува лесен за користење метод за утврдување на работни позиции за собирање на податоци. Описите на работните места за сите опфатени позиции вклучуваат обврски и одговорности и линија на реферирање во организацијата, со цел да се обезбеди точно позиционирање на Вашите вработени.

 Можете да го изберете најудобниот начин за доставување на податоците. Прашалниците се лесни за снаоѓање и брзи за потполнување, достапни на интернет и во обете, електронски и печатени формати.

AIMS Human Capital Македонија високо ја цени посветеноста на учесниците да пружат прецизни и целосни одговори. Го зачувуваме правото да ги исклучиме оние учесници кои ќе ги пополнат прашалниците делумно, контроверзно или недоследно.

 Помош

 Консултантите на AIMS Human Capital ќе Ве контактираат за пружање помош и упатства во пополнувањето на прашалниците.

 Доверливост

AIMS Human Capital Македонија применува НАЈСТРОГА ДОВЕРЛИВОСТ за време на сите етапи на собирање на податоци и претставување извештаи. Под никакви околности индивидуалните податоци на компаниите нема да бидат обелоденети на трети лица.

 

2007-то Истражување за надоместоци и бенефиции е отворено за учество. Сега можете да ги доставите Вашите податоци и да бидете вклучени во 4тото издание на истражувањето. Ве молиме контактирајте ги контактирајте ги  консултантите на AIMS на тел.  (+389)2 3212 744   или на e-mail survey@aims.com.mk  за повеќе информации.

 

 

 

 

 

 

 

Copyright 2006 AIMS Human Capital | Legal Disclaimer